Календарот „Пирели“ 2019 ги слави успешните жени (ВИДЕО)

Од самите почетоци во 1964 година, прочуениот календар на италијанската компанија за гуми, Пирели, ја славеше еротиката, но годинава новиот Пирели 2019 календар е во знакот на прослава на фотографијата сама по себе.

Секоја година Пирели е во потрага за нов врвен фотограф, а годинава таа чест ја имаше Алберт Вотсон, фотографот кој го фотографираше Стив Џобс за корицата на книгата- биографија. Изданието за 2019 ги слави успешните жени кои Вотсон ги опишува како остварување на сопствените соништа и страсти. Првичната идеја била да се раскаже животот на четири сестри кои живеат на ранч и нивните различни патишта и соништа.

Топ моделот Џиџи Хадид е прикажана како живее сама со дизајнерот Александер Ванг како единствен пријател. Глумицата Џулија Гарнер е претставена како млад фотограф кој ја сака самотијата и природата. Афроамериканката Мисти Копеланд од американскиот балетски театар, е претставена како сонува да стане позната танчерка. Додека моделот и глумица Летиција Каста – живее сама во гарсоњера со „лошо“ момче.

Легендарниот 76-годишен фотограф Вотсон изјавил за Гардијан дека Пирели е познат по тоа што ризикува. Неговата идеја отсекогаш била да ги претстави жените како нешто значајно работат за себе и за својот живот.

Во видеото погледнете што се случувало зад објективот.

x

Check Also

Изглед на денот: Кејт Мидлтон во црвена божиќна карирана сукња

Кејт Мидлтон ги воодушеви своите фанови со веселиот моден избор. На еден ...