Камала Харис предизвика бурни реакции позирајќи за насловната на „Вог“

Бурата беснее на Твитер за февруарската насловна страница на списанието Вог Америка. „Проблематична“ е фотографијата што ја прикажува потпретседателката на САД, Камала Харис, со осветлена кожа и премногу лежерен изглед.

Лавина од коментари на социјалните медиуми се појавија викендов, кога беше објавена насловната страница на списанието за февруари 2021 година.

На насловната фотографија,  56-годишната Камала Харис позира во сако, тенки панталони и бела маица. Патиките Converse All Star прават дополнителна сензација на овој лежерен изглед, далеку од стандардите за мода на списанието.

Според коментарите на јавноста, Камала позира во „премногу опуштено расположение“.

Но кометарите не пристигнаа само поради облеката, туку и поради тонот на кожата на Камала Харис на овие фотографии. Не е ни прв ни последен пат да се види ретуширање и осветлување на кожата особено на црните ликови, но во случајов ова осветлување не е во согласност со изјавата која ја дава за Вог. „Мислев на внуците , кој ќе знаат свет во кој потпреседател на Америка е жена, црнка, жена чии родители се родени надвор од Соединетите држави.“

 

 

x

Check Also

Меган Маркл пак ги разгневи „хејтерите“ со модниот изглед „тежок “ околу 326 илјади долари

Меган Маркл сè уште е во центарот на вниманието на „хејтерите“. Овој ...