Камила Паркер со маска со смел принт

Сопругата на принцот Чарлс, Камила, конечно реши да ја искористи маската во јавност. До денес, ниту таа ниту принцот Чарлс, кои во изминатите неколку месеци беа позитивни на коронавирусот, не ги покажаа маските за заштита во јавност. Но, новите мерки наметнати од Борис Џонсон, ја принудија идната кралица да се прилагоди на носењето маска.

Војвотката се определи за маска од марката Либерти Лондон со смел принт на пауни. Таа се прошета со маската во Лондон при посета на Националната галерија, на плоштадот Трафалгар, кој по 111 дена ги отвори своите врати за посетителите.

Камила носеше сино миди фустанче во комбинација со рамни чевли, а маската беше вистинско освежување на оваа еднолична модна комбинација.

x

Check Also

Диетата на Џенифер Лопез, еве што јаде за да остане во топ форма

Пејачката и танчарка, која наскоро ќе наполни 51 година, има тонирано и ...