Кампања „Некултурата не е инвалидитет“ на Скопје сити мол: За узурпирање на местото за паркирање за инвалиди казна од 180 евра  

 Во Македонија се проценува дека околу 10 отсто од вкупната популација се лица со  посебни потреби кои се судруваат со многу бариери во секојдневниот живот, а една од нив е узирпирање на местата за паркирање наменети за нив од несовесни граѓани.

Денес се смета дека од 7 до 10 отсто од целокупната популација во светот се лица со некој вид хендикеп. Овој број во неразвиените земји и земјите во развој е далеку поголем. Секоја модерна држава се труди да ѝ помогне на оваа популација со воведување одредени бенефиции со цел овие лица да можат што подостојно да ги надминуваат препреките низ животот.

Во Македонија се проценува дека околу 10 отсто од вкупната популација се лица со посебни потреби кои се соочуваат со многу бариери во секојдневниот живот. Архитектонски бариери, социјалната исклученост и маргинализираност, недоволен пристап до можностите за вработување и недоволна здравствена заштита, се само дел од секојдневните проблемите на оваа категорија граѓани.

Токму затоа здруженијата и организациите на лицата со хендикеп постојано апелираат дека е потребна неодложна акција за целокупна афирмација, социјализација и подобрување на животниот стандард на лицата со хендикеп, од сите граѓани, но пред се од надлежните јавни институции.

Ние имаме многу пречки за нормално да функционираме во секојдневието. Се судираме со непристапни згради и установи, високи тротоари, семафори без звучна сигнализација, а секојдневно се соочуваме и со тоа на паркинг местата определени за нас, многу возачи да ги паркираат своите возила, иако се предупредени со вертикална сигнализација дека местото на кое паркираат е наменето за лица со попреченост“, вели Вангел Тркаљанов, од Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.

Најголемиот трговски центар во земјава Скопје Сити мол со кампања наречена „Некултурата не е инвалидитет“ се вклучи во напорите за подигање на свеста на населението за правата на луѓето со инвалидитет и тоа конкретно за правото да можат да ги користат паркинг местата кои се наменети за нив. Сити мол инаку е целосно усогласен со потребите и на лицата со попреченост. Покрај тоа што има достапен пристап за влез во трговскиот центар, пристапни тоалети и лифтови за да можат и ова категорија лица непречено да пазаруваат во молот, за нив се обезбедени посебни паркинг места, кои се прописно обележани. Но, постојано се случува истите да бидат узурпирани од несовесни возачи.

Со кампањата паркинг местата наменети за лицата со инвалидитет во Сити мол сега се означени со балони, а на возилата на оние кои и покрај ознаките сепак ќе се паркираат на овие места, ќе бидат оставани посебни налепници за некултурното однесување. Иницирана е и поголема соработка со Министерството за внатрешни работи, кое ја поддржа кампањата бидејќи за узурпирање на местата за инвалиди се предвидени и казни во висина од 180 евра или 40 негативни бодови. Од Министерството апелираат граѓаните да бидат совесни и хумани и да не ги узурпираат местата за лицата со инвалидитет, како и за тоа ваквите случаи да се пријавуваат на бројот 192.

x

Check Also

Суперхрана која треба да ја јадете и супер коктели кои треба да ги пиете

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав ...