Канје Вест и Адидас ја претставија колекцијата базирана на решенија

На Модната недела во Њујорк Канје Вест и Адидас ја претставија колекцијата од нивната соработка која нетрпеливо се очекуваше.

k11

Колекцијата насловена YEEZY 1 сезона, есен/зима 2015, која содржи машка и женска облека и обувки беше претставена на ревијата конципирана од Вест во соработка со современата уметница Ванеса Бикрофт.

Во машката линија доминираа парчиња инспирирани од војничките униформи во пригушена палета на бои, војничко-зелена, сина, сива и црна боја. Кај женската линија пак, највпечатливи се хеланките и тесните, припиени за тело маички.

k44

k33

Канје Вест колекцијата ја опиша како прва во светот која е базирана на решенија. „Не сакам облеката да биде живот, сакам облеката да помогне во животот”, објаснува дизајнерот.

Ревијата имаше уште едно изненадување за присутните, а тоа беше промоцијата на новата песна од неговиот следен албум Во шоуто Кени, исто така дебитираше нова песна од неговиот следен албум насловен „Волци”, која може да ја слушнете во приложеното видео.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...