Канје Вест ја отстрани Ким Кардашијан од Твитер

Раперот престана да ја „следи“ неговата, сега веќе поранешна сопруга, Ким Кардашијан на социјалната мрежа Твитер.

Далеку од очите, далеку од срцето, ама и далеку од социјалните мрежи – популарниот рапер очигледно веќе не сака да има ништо со поранешната сопруга.
Според американските медиуми одлуката дошла откако познатата инфлуенсерка за својот поранешен сопруг. честитајќи му го роденденот, неодамна објави пост во кој, освен честитката, напиша дека ќе го сака доживотно.
Раперот пак, не само што ја отстранил Ким од социјалните мрежи, туку и нејзината мајка и сестри.
Минатиот февруари Ким Кардашијан објави дека љубовта со нејзиниот сопруг, раперот со кој се омажи во 2014 година и со кого има четири деца, заврши. Одлуката најверојатно била донесена поради неговиот религиозен „делириум“ и лудата претседателска трка. Но, не само тоа. Во најновата епизода на популаната серија со семејството Кардашијан, реалното шоу што ја направи славна, инфлуенсерката, разговарајќи со нејзината мајка, рече дека „и’ недостасуваат ситниците “. На 40-годишна возраст, ѕвездата на социјалните мрежа објасни дека „досега мислев дека е во ред да имам сопруг кој живее во друга држава. Но, сега сакам некој со мене да гледа филм навечер, сакам некој да вежба со мене секој ден… малите нешта ги немам“, објасни таа.
Во меѓувреме пак, главната вест на таблоидите беше (и се уште е) дека Канје е во врска со руската топ моделка Ирина Шаик, поранешната на глумецот Бредли Купер.
Двајцата беа видени заедно во Франција на романтичен одмор. Во моментов нема потврда за тоа дали се навистина во врска или не, туку останува се само на гласини и озборувања. А, доколку се потврди, би значело само едно: Канје Вест е подготвен да започне нов живот. Далеку од Кардашијан и нејзиното семејство.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...