Шерон Стоун донесе Лас Вегас сјај на Канскиот филмски фестивал
Седмиот ден на Канскиот фестивал помина во знакот на славните дами и креациите со потпис на италијанските креатори кои доминираа на црвениот килим.
55-годишната актерка ги засени младите колешки, облечена во сина креација на Роберто Кавали, со нагласено длабоко деколте.
Индиската актерка Аишварија Раи се појави во зелен фустан од Гучи, а згодната Петра Немчова во креација на Емилио Пучи.
Помалку гламурни од нив беа Мила Јовович во Прада и Дита фон Тиз во фустан од Ели Саб.
- Дита фон Тиз