Кански филмски фестивал 2019: Најубавите креации на црвениот тепих (за сега)

Започна 72-то издание на Канскиот филмски фестивал. На црвениот тепих се појавија ѕвездите во раскошни креации, меѓу кои и Ел Фенинг, Тилда Свинсон, Џулијан Мур, Ева Лонгорија и Селена Гомез. Годинава нагласени се женствените креации и силните бои.

Глумицата Ел Фенинг ги собра сите погледи и според многумина таа беше најубаво (за сега) облечена ѕвезда на црвениот тепих. Носи креација од Гучи, во ненжа боја на праска.

Селена Гомез носеше топ инспириран од 80-те години во комбинација со долго здолниште – комплет со потпис на Луј Витон.

Големо внимание привлече и глумицата Ева Лонгорија во фустанот дизајниран од Алберта Ферети. И не само со стилот, Лонгорија блесна во одлична форма, витка, по проблемите со телесната тежина со кои – очигледно – се изборила за кусо време по породувањето.

Во продолжение погледнете ги другите успешни модни изгледи на црвениот тепих.

Тилда Свинстон во креација од Хајдер Акермен

Алесандра Амброзио во Ралф енд Русо

Изабел Гулар во Етро

Џулијан Мур во Диор

Роми Страјд во Етро

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...