Кански филмски фестивал: Ален Делон ја покажа жената на својот живот

На 6-от ден од 71-то издание на Канскиот филмски фестивал, на црвениот тепих сите погледи беа насочени кон 83-годишниот француски актер Ален Делон кој пристигна во придружба на млада жена.

Не е тајна дека бројни убавици и славни жени поминале низ животот на Ален Делон. Но, овојпат станува збор за неговата ќерка, Анучка Делон. Самиот Делон нагласи дека Анучка е жената на неговиот живот и дека со неа има силна врска.

Убавата ќерка на Делон беше облечена во бело фустанче од Ели Сааб.

Последен пат Делон се појави на Канскиот филмски фестивал во 2010 година, и тогаш во друштво со Анучка.

 

 

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...