Кански филмски фестивал: Ел Фенинг во „Диор“, креацијата е дизајнирана рачно 450 часа

За премиерата на филмот „Беше еднаш во Холивуд“, на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, глумицата Ел Фенинг се појави во креација на Диор, инспирирана од модата на 50-те години. За изработка на креацијата биле потребни 450 часа.

Само за изработката на здолништето на дизајнерите им биле потребни 200 часа. Здолништето е направено од 50 метри тул. Уште 150 часа траела изработката на кошулата. Гардеробата била омаж на големото дело на Кристијан Диор, The New Look. Инаку, Диор се појавува во 1947 година и станува синоним на женскиот гламур во 50-те години на минатиот век. Њујоршкиот изглед пак, на црвениот тепих дебитира една година по основањето на Канскиот филмски фестивал.

 

x

Check Also

По 4-ти пат мајка: Ким Кардашијан го покажа бебенцето

„Реалити“ ѕвездата Ким Кардашијан пред еден месец по четврти пат стана мајка, ...