Кански филмски фестивал: Моника Белучи во црн Диор фустан со длабоко деколте

Обожавана и од Фрацузите и од Италијанците, Моника Белучи се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во друштво на режисеорт Клод Лелуш за премиерата на новиот филм „Les plus belles années d’une vie“.

Убавата глумица носеше црн фустан со длабоко деколте од Диор, додека изгледот е заокружен со впечатлив ѓердан во форма на сребрено-зелен алигатор од Картие.

На Канскиот фестивал, Белучи пристигнала сама, без нејзиниот вереник Николас Лефевре.

Новиот филм на Лелуш, по премиерата во Кан, ќе се прикажува во француските кино-сали на 22 мај.

 

x

Check Also

По 4-ти пат мајка: Ким Кардашијан го покажа бебенцето

„Реалити“ ѕвездата Ким Кардашијан пред еден месец по четврти пат стана мајка, ...