Канскиот филмски фестивал забрани селфи-фотографирања

Додека ѕвздите се подготвуваат за црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал кој ќе се одржи од 13 до 24 мај, оттаму пристигна информацијата дека своите мобилни телефони ќе мораат да ги носат во чантите или џебот, бидејќи селфи-фотографирањето оваа година не е дозволено.

kan 1

Причината зошто се забранети селфи-фотографирањата е дека ваквите фотографирања одземаат многу време, а на Канскиот фестивал се има свој прецизен тајминг.

„Имаме конкретен тајминг за појавувањата на црвениот тепих и навистина ќе се забават работите ако луѓето застануваат на секои два метри за да се фотографираат себеси“, објаснува директорот на фестивалот.

kan 2

Но тајмингот на фестивалот не е единствена причина за ваквата забрана. Во неодамнешното интервју за француската Грација, директорот на фестивалот изјави дека селфи-фотографирањето е „практика која често е исклучително смешна и гротескна“.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...