Капитол мол организира „Денови на семејни игри“ од 7 до 9 јуни

Игрите од детството повторно на плочниците во Аеродром

Школка, серва, ластик, минско поле, хулахоп и други игри, како и одличните улични забавувачи од Баскерфест ќе ги вратат детските насмевки во Скопје и во општина Аеродром. На плочникот пред Капитол мол во склоп на „Денови на семејни игри“ возрасните ќе се потсетат на нивните детски денови, а најмалите ќе се научат на нов извор на среќа.

Три дена, од 7-ми до 9-ти јуни, од 19.00 до 21.00 часот подгответе се за патување во земјата на насмевките и радоста. Десетици тимови на родители со нивните деца веќе се пријавија на „Денови на семејни игри“ и тие ќе играат за многу подароци. Сите кои мислат дека можат да бидат дел од овој настан можат слободно да се пријават на https://www.facebook.com/capitolmall/ преку испраќање на порака до  официјалната Фејсбук фан страна на Капитол мол. Тимот мора да биде составен од еден возрасен и едно дете. Секој тим има можност да се пријави за било која игра во четврток или петок. Со победа во одредената игра тимот добива можност да го сврти „тркалото на среќата“ и да стане потенцијален добитник на утешна награда. Додека пак на финалето во сабота ќе се натпреваруваат сите тимови со најдобри резултати. Победниците во сабота, најдобрите од најдобрите, ќе добијат вредносни подароци.

За сите останати посетители од 7 до 9 јуни подготвивме забава со точките на уличните забавувачи од Баскерфест Македонија секој ден од 19.00 до 21.00 часот.

Капитол мол повеќе од 4-ри години ги води своите посетители на незаборавни патувања и авантури преку разни кампањи и акции. Како резултат на вербата и убедувањето дека овој трговски центар е место за сите, Капитол мол ги организира настаните од ваков карактер со цел да им понуди поинтересни содржини на сите посетители.

x

Check Also

Тренд на неделата: Куфер и торба од Parfois

Parfois ни нуди прекрасно модно решение како да се организираме за нашето ...