И Кара Делавињ гола против рак на кожата

Оваа година на кампањата „Protect the skin you’re in“ се придружи и топ моделот Кара Делавињ.

kara 01

Кога на долгогодишниот деловен партнер на креаторот Марк Џејкобс, Роберт Дафи, пред неколку години му беше дијагностициран меланом,двајцата пријатели ја започнаа кампањата наречена „Protect the skin you’re in“ (заштитете ја кожата во која сте) со која собираат финансиски средства наменети за Њујоршкиот институт за рак на кожа.

kara 1

Од 2006 година за кампањата се расоблекоа голи Кејт Мос, Викторија Бекам, Бар Рафаели, Хејди Клум, Наоми, Дита фон Тиз, Миранда Кер, Џулијан Мур, Винона Рајдер, Селма Блер, Хелена Кристенсен, Ева Мендес, Мариса Милер…, а годинава и топ моделот Кара Делавињ.

Маичката на која Кара позира гола, направена од 100 отсто памук, а се продава на Интернет страницата  marcjacobs.com, по цена оц 35 долари.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...