Кара Делевињ и Ешли Бенсон се венчаа

Топ моделот Кара Делевињ и рекла „да“ на американската глумица, 29 годишната Ешли Бенсон. Оваа вест осамна на насловната страница на весникот „Сан“ во недела на 4ти август. Американскиот пак сајт E!News објави дека иако се венчани бракот не им е легален.

Свадбената церемонија се случила во Лас Вегас и чинела 267 евра.

До сега, ни Кара ниту пак Ешли ја потврдиле веста, држејќи се до своето строго правило за чување на приватноста.

Сведок на настанот бил Мајкл Кели, сопственик на Литл Вегас капелата каде девојките се венчале. Меѓу гостите биле и глумицата Чарлиз Терон, пејачот Џо Џонас и англиската глумица Софи Тарнер.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...