Амбасадорката на козметичката линија на Dior, топ моделот Кара Делевињ, повторно е во центар на нашето внимание поради новата кампања за кармини – Dior Addict Stellar Shine.
Делевињ позира пред објективот на Дејвид Симс, фотографирана е одблизу носејќи светликава розова нијанса. Покрај принт кампањата, британската убавица се појавува и во рекламниот спот.