Кара Делевињ ја потврди љубовната врска со пејачката Ени Кларк

По гласините дека супермоделот Кара Делевињ ја раскинала врската со пејачката Ени Кларк, позната како Ст. Винсент, само по неколку месечна љубовна афера, Делевињ се огласи преку својот Твитер профил и им стави крај на шпекулациите.

„Јас сум многу вљубена“, напиша Делевињ на својот Твитер профил.

kara 1

Гласините за прекинување на врската беа последица на неколкуте постови на Делевињ во кои таа пишуваше „ Повеќе научив од болката отколку од задоволствата“.

На Твитер профилот пак на Ени Кларк, речиси истовремено, се појави скенирано писменце, рачно напишано од Кара – „Ожени се со мене Ени Кларк“.

Се забавуваат ли само девојкиве или до толку им е сериозна врската останува да видиме.

cdakmm

Ени Кларк ја објави оваа фотографија на својот инстаграм профил. Дали е ова напишано од Кара?

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...