Кара Делевињ во глам рок стил доаѓа од планетата Кардашија

На забавата организирана од списанието W, топ моделот се појави со сестрите Кардашијан со кои во последно време многу се дружи. Колку примила од нив кога е во прашање облекувањето, веќе се гледа по изборот на фустанот.

На прв поглед, изгледа како да пристигнала од 80-те години, во глам рок стил кој неодоливо потсетува на Тоуни Китејн.

k13

На втор поглед пак, можеби пристигнала од планетата Кардашија на која царува стилот на славните сестри. Погледнете ги само овие непотребни проѕирни мрежички од двете страни на фустанот.

k12

На трет поглед, сепак тоа е Кара, со исплазениот јазик и гримасите кои обожава да ги прави пред фотообјективот. Никој не сака да изгледа смешно, освен Кара.

k11

x

Check Also

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Многу љубов за водните знаци, незаборавен за Лавовите

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе ...