Оваа страсна прегратка е за насловната страница на февруарскиот број на Лав (Love) магазинот.
Кара Делевињ и Кендал Џенер се почесто ги гледаме заедно.
Оваа недела и двете не учествуваа на шоуто на Викторија сикрет, но затоа настапија за Шанел во Салзбург. Како што веќе информиравме, заедно беа на Британските Модни Награди, каде што допатуваа со приватниот авион на Карл Лагерфелд. Таму Кара ја доби наградата за модел на годината и утредента веднаш со авионот двете пријателки заедно се вратија во Салзбург.
Пријтелството меѓу Кара и Кендак не треба да чуди. И двете соработуваат со Карл Лагерфелд и често се заедно.
Официјално и двете немаат момчиња, а порано имале исто момче ( и двете биле во врска со Хери Стајлс од Уан Дајрекшн (One Direction)), на кого заедно „налетаа“ во Лондон за време на British Fashion Awards.
Фотката зборува повеќе.