Караванот на убавина на AVON утре пристигнува во Градскиот парк во Скопје

За сите љубители на козметиката, убавата шминка и негуваниот изглед, AVON го најавува фантастичниот караван на убавината кој ќе посети повеќе градови низ Македонија, а утре (2 септември, сабота) од 10 до 18 часот ќе биде во Скопје во Градскиот парк кај Школка.

Дозволете си себеси моменти на уживање со бесплатна шминка од страна на професионален шминкер, кој ќе сподели и совети за нега и убавина. Претставниците од AVON со задоволство ќе ве информираат за палетата на производи и новитети. Но тоа не е сé, бидејќи светот на AVON  ветува уште поголеми задоволства и радости, со бројните подароци и изненадувања кои следуваат на лице место. Сите млади мајки кои сакаат да дојдат на овој несекојдневен настан, ќе можат да дојдат и со своите деца, кои ќе биде подготвено специјално катче за игра и забава.

Тимот на AVON ги очекува сите заинтересирани во Градскиот парк во Скопје кај Школка на 2-ри септември, од 10 до 18 часот.

Нека тоа биде Ваш ден за уживање!

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...