Кардиганот се носи со ремен, еве како да го комбинирате

Трендовите на зимата 2019/20 година го прогласија кардиганoт како неопходно модно парче. Останува во тренд и за пролет/лето 2020 , но во комбинација со ремен!

Кариганот беше „маст хев“ за зимската сезона, но сочувајте го и за пролет. Модните дизајнери пак, сугерираат како да го носиме за да изгледаме шик: со додавање на ремен.  Се додека летото не се вжети, кардиганот не треба да го отсраниме од гардеробата.

Кардиганот во комбинација со ремен можевме да го видиме и на модните писти. Меѓу првите кои го презентираа на овој начин беше Шанел, кои за колекцијата Круз 2020, покажаа на модната писта храбар и обновен кардиган, украсен со ремен кој е добро затегнат на половината. Значи, искомбинирајте ги најдобрите кардигани што ги имате со најубавите ремени и бидете слободни да ја изразите својата креативност со овие два елемента.

Каков кардиган да изберете и како да го носите?

Класиката е совршена со пар фармерки или хеланки. Со избирање на неутрални бои на кардиган, лесно можете да го комбинирате со која било облека.

Шарениот кардиган додава елеганција на секоја модна комбинација, а одличен е за на работното место со здолниште со А крој или панталони со висок струк.

„Oversize“ кардиган е интересно решени. Може удобно да се носи како да е класичен капут. Може да се комбинира со фармерки, фустани и долги здолништа. Единствениот трик е: ако го облечете со фенси фустан со принт, одберете кардиган во една од нијансите на принтот на фустанот, така комбинацијата ќе биде беспрекорна.

x

Check Also

Неделен хороскоп (30.март до 5.април): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Јарец за да ...