стек од карфиол со пармезан

Карфиол подготвен на 3 различни начини

Ако мислите дека карфиолот е здодевно јадење – многу грешите. Викендов дегустирајте го карфиолот на поинаков начин и уживајте во семејната трпеза.

Стек од карфиол
Исечете го карфиолот на кришки со дебелина од 1,5 сантиметар, отстранете ги листовите и печете на жешко масло во тава. Потоа кришките карфиол префрлете ги во тава за печење и печете ги во рерна 15 минути на 170 степени. Послужете ги со сос по желба или пак со рендан пармезан.
Ориз од карфиол
Одвоите ги цветните делови од карфиолот и иситнете ги во блендер. Пропржете ги во тавче со мешање, па поклопете ги да се варат околу 5 минути. Додадете зачини, блага пченка, свеж магдонос, малку сецкани бадемчиња и лешници, малку калинки, промешајте, посолете и послужете.
Палачинки од карфиол
Потребно ви е 200 грама карфиол, 8 лажици бадемово брашно, 4 јајца, 4 лажици билно млеко, пстофат сол. Прво од карфиолот направете трошки со помош на блендер, потоа сите намирници заедно измешатеј ги. Печете ги вашите палачинки на тава како што е прикажано во видеото. Послужете ги со сланина и уживајте во новиот вкус.
Подготовката на трите рецепти погледнете ја во видеото – ТУКА.

x

Check Also

Совршена чоколадна торта со само неколку намирници

Подгответе ја лесно и уживајте во вкусот. За тортата се потребни само ...