Карфиол во сос од кашкавал

Ако го сакате карфиолот, тогаш комбинацијата со растопен кашкавал мора да ја пробате. Самата подготовка на ова јадење трае 20-на минути, а количината е доволна за шест порции.

Намирници – 2 главици карфиол, 100 грама путер, 50 грама брашно, 600 мл млеко, 1 лажица лут сос (по желба), 200 грама изрендана моцарела, 300 грама изрендан кашкавал „гауди“.

Подготовка

Во поголема тава стопете го путерот, па додадете го брашното и мешајте 2-3 минути. Додадете го млекото и мешајте додека се соедини. Посолете и ставете црн пипер, а по желба додадете и лажица лут сос. Динстајте се додека почне да се згуснува, околу 5 минути. Остранете ја тавата од рерната и сега додадете ги кашкавалот и моцарелата, па оставете да се стопат, односно да омекнат. На крајот додадете ги сварените главици карфиол и посолете уште малку по потреба.

Претурете ја смесата со карфиолот во сад за печење и печете во загреана рерна уште 20-на минути.

x

Check Also

Тиквички од рерна во бешамел сос

Во текот на летото ги обожуваме тиквичките подготвени на најразлични начини, а ...