Карирани панталони, задолжително модно парче за оваа есен/зима

Живееме во „кариран“ моден свет, не само оваа сезона, туку многу сезони последователни. Карираното никогаш не излегува од мода, а особено се добредојдени карираните панталони во студените есенски и зимски денови.

Додека „анимал“ принтот го доживува својот ѕвезден моден момент, на карираните модни парчиња секогаш со задоволство им се враќаме. Редовно се присутни во колекциите на популарните модни марки, а во актуелните колекции изборот е прилично широк.

Различните модели (и кроеви) можат да задоволат различни вкусови, а палетата на бои се движи од дискретен кариран принт (совршен и за деловната атмосфера) до силни нијанси.

Во фотогалеријата, погледнете ги нашите фаворити.

x

Check Also

Нова колекција од ZARA во војнички стил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Зара ја лансираше новата колекција за зима 2018/19 насловена SRPLS, а акцентот е ...