Кендис Свонепул во Луј Витон

Карирано и елегантно – Еве како се носи…

Сивите дискретно карирани сакоа и панталони се одличен избор оваа есен за деловната атмосфера. Неколку идеи како да се носи овој тренд на есента ни покажа моделот Кендис Свонепул во фотосесијата за октомвриското издание на списанието „Ел“.

Позирајќи во модни парчиња од Луј Витон, стилизирана од Екатерина Мукина, Свонепул презентира два модни изгледи – карирано од главата до петиците и карирано сако во комбинација со волнена тесна сукња.

А ние се враќаме на домашен „терен“ за да ви претставиме совршен трендовски изглед од Манго. Карираното сако е успешно искомбинирано со карирани панталони со женствен крој, а комбинацијата е смирена со црна ролка.

Секако не заборавајте на краткото мантилче во неутрална нијанса и на тесните чизми со висина до глуждовите.

Инспирирајте се од Манго изгледот:

Манго

 

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...