Карли Клос е лице на новата кампања на Адидас од Стела Мекартни

Супермоделот Карли Клос се врати како лице на Адидас од Стела Мекартни за колекцијата есен/зима 2017. Американската убавица ја најавува новата сезона на спортската облека во серија на динамични фотографии.

Карли ја покажува својата тонирана фигура преку различни вежби. Од трчање до јога и кикбокс, русокосата убавица останува во топ форма вежбајќи во стилизирана облека.

„За претстојната сезона сакаме жените да чувствуваат дека можат да вежбаат билокаде и да бидат креативни во секоја околина која ја одбрале – без разлика дали тоа е отворен простор како паркот, фитнес салата или затворените простории. Сега веќе не треба да се има оправдување за да не бидеме активни“, објаснува дизајнерката Стела Мекартни.

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...