Карли Клос мотивира да вежбаме!

Топ моделот Карли Клос го покажува своето тонирано тело на насловната страница на октомвриското издание на Women’s Health.

karli-1

24-годишната убавица е облечена во црн топ за вежбање со фенси-металик шорцеви за трчање. Фотографирана од Дејвид Бартон, Карли позира во атлетско- инспирирани модни изгледи.

Моделот е инаку заштитно лице на колекцијата Адидас од Стела Мекартни.

karli-2

Во разговорот за Women’s Health, таа објаснува како ја одржува убавата фигура. „Најголем дел од времето се хранам здраво, јадам многу риба, многу зеленчук и сакам да готвам со свежи намирници“. Понатаму објаснува дека за појадок јаде омлет со авокадо или спанаќ, дека е многу дисциплинирана кога е во прашање фитнесот, дека секојдневно трча по пет милји, секојдневно практикува танц и кардио-вежби…

Погледнете ги само фотографиите и мотивирајте се да се вклучите во фитнес клуб.

karli-3

karli-5

karli-4

 

 

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...