Карли Клос позира во новата колекција на Адидас

Соработката на топ моделот и ангел на Викторија сикрет, Карли Клос, и спортската марка Адидас, трае од 2016 година.

По рекламната кампања ‘Here to Create’, во која главно лице е Дуа Липа, презентирајќи ја есенската колекција на Адидас, кампањата продолжува со Карли Клос.

Топ моделот позира во спортски парчиња од новата колекција која содржи градници за вежбање, спортски хеланки, патики за трчање, дуксери и торби.

-Се обидувам да вметнам ралични вежби во тренингот за да ми биде забавно, но и да бидам сигурна дека не ги преоптоварувам конкретните мускули. Кога сум во Њујорк, вежбам во Dogpound Gym со мојот тренер Кирк Мејерс. Обично правиме микс од HIIT тренинг и кардио вежби, но момнетно сум сконцентрирана на боксот кој помага да се ослободам од стресот“, објаснува Клос.

x

Check Also

Од кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите!

Бурните времиња не треба да ја намалат физичката активност, туку треба да ...