Амајлијата наречна Карлито е најбараниот моден додаток за оние кои можат да си го дозволат овој луксузен привезок за клучеви лансиран од Фенди.
Изгледа како плишана играчка со ликот на Карл Лагерфелд, наводно има улога на амајлија, а всушност е привезок за клучеви. Се вика Карлито, што значи мини верзија, односно нагалено име од Карл. Модните блогери, трендсетерите, секако и славните лица веќе ги зафати Карлито модната треска. Престижниот привезок за клучеви од лимитираната едиција на Фенди ја претставува блиската приврзаност за креаторот, симпатиите кон него и поддржувањето на неговата работа.
Никој не очекуваше дека Карлито ќе прерасне во толкава модна манија кога за првпат се појави на модната писта на ревијата на Фенди во февруари, а манекенките ја држеа оваа кукличка во раката презентирајќи ги моделите од колекцијата за есен/зима 2014/2015.
Карлито „ја носи“ препознатливата облека на Лагерфелд – бела кошула , црна вратоврска и црни очила за сонце.
Овој моден додаток стана до толку барано парченце што листата на оние кои ја чекаат нарачката е огромна. Еден податок кажува се – оние кои Карлито го нарачале на почетокот на месецот јуни, ќе го добијат на почетокот на септември.