Каролина Куркова е лице на кампањата Cybex by Karolina Kurkova

Супермоделот Каролина Куркова се здружи со врвната марка за производство на колички за деца Cybex, а резултатот е колекцијата Cybex by Karolina Kurkova.
И самата мајка на две деца, Куркова учествуваше и во дизајните на новата колекција на Cybex која вклучува колички, седишта за кола за деца и модни додатоци за мајките. Чешката убавица изгледа супергламурно во официјалната фотосесија која е дел од кампањата.
Нагласените принтови и популарните полка точки се главни детаљи во дизајните. 
Мислејќи на животната средина, колекција е дизајнирана од REPREVE® рециклирани материјали направени од рециклирани пластични шишиња. Значи не само што е стилска, туку е и еко-одржлива.
-Секој ви кажува различни работи. Првиот пат, како нов родител, мислите дека ви се потребни толку многу работи за вашето дете. Потоа, со второто дете научив дека ми е потребно многу помалку отколку што мислам. Вашиот фокус треба да биде на квалитетот, а не на квантитетот“, вели Каролина Куркова. 
Во Македонија производи од производителот Cybex може да најдете во продавниците „Крш“. 

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...