Картие потстетува на своите кралски корени

Францускиот производител на луксузен накит „Картие“ ги потсетува купувачите за кралските корени на куќата.

 

Грејс Кели

Грејс Кели

Видеото кое неодамна го презентираше „Картие“ ги објаснува релациите на компанијата со кралските семејства од целиот свет. Целта е да се претстави престижот кој е синоним за марката.

Филмот започнува со изјавата на принцот од Велс кој ја потврдува поврзаноста на брендот со кралското семејство. Кралските корени на Картие беа зацврстени со над 15 патенти кој брендот ги доби од 1904 од 1939 година.

Почнувајќи од принцезата Марија Бонапарта во 1907 година, филмот го привлекува вниманието на кралскиот накит.

На долгата листа на претставници на кралски семејства за кои „Картие“ создавал уникатни скапоцени парчиња накит е и Марија Павловна од Русија, позната колекционерка на дијаманти. Потоа, Елизабета, кралицата на Белгија, за која „Картие“ креирал накит во 1910 година. Но тука се и кралицата Викторија-Еугенија на Шпанија, принцезата Грејс Кели од Монако и денешната најактуелна претставничка на кралско семејство – Кејт Мидлтон.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...