Картите за Здравко Чолиќ во продажба за 300 денари од понеделник, 18-ти март

Подготвен од срце за сите, балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип Втори Македонски со многу енергија. Картите за концертот кој е во организација на Прагма продукција ќе бидат во продажба од понеделник, 18-ти март 2019, по цена од 300 денари.

Се очекува позитивната атмосфера и музиката на Чолиќ да го освои секое срце во центарот на Скопје во сабота, 15-ти јуни 2019, во 21.00 часот. За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Чолиќ ќе може да го обезбедат тоа онлајн на www.kupikartizase.com и од Пола Југотон и цвеќара Розе – Веро 2.

Најавата на концертот ја има на:

https://www.facebook.com/PragmaProduction/videos/294464897898821/

Спремете се за невиден и исклучителен спектакл и вечер која секој кој ќе помине низ портите на Национална Арена Филип Втори Македонски на 15 јуни 2019 ќе ја памети засекогаш.

x

Check Also

Топ 3 топли чоколади кои мора да ги пробате оваа есен (еве како да ги подготвите)

Ја сакате топлата чоколада подготвена на сите можни начини, дури и со ...