Instagram

Катарина Ивановска како придружен вокал на Тамара Тодевска!

Познатата манекенка Катарина Ивановска (33), на социјалните мрежи ретко открива детали за својот приватен живот. Но една од нејзините последните објави на Инстаграм го привлече вниманието на македонската јавност. Катарина објави дека ќе биде придружен вокал на Тамара Тодевска.

„Придружни вокали со Ирена. Ти благодарам Тамара Тодевска за довербата. Огромна беше честа да се пее на исклучен микрофон“, напиша манекенката, а којзнае, можеби и потенцијална пејачка во иднина.

 

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...