Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best PHOTOMODEL).

Катарина е од Тетово, има 24 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија, Турција. Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021г е претставничката на Белорусија.
На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата “Краљевски” и “Луме”.
Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30те финалистки на Кралица на Евроазија 2021.

фото- приватна архива

фото- приватна архива

фото- приватна архива

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...