Кавали: Ако Кејт Мидлтон е принцеза не значи да не биде секси!

Роберто Кавали се понуди преку британскиот Вог да искреира нешто за Кејт Мидлтон, сметајќи дека би требала да биде посекси.

kejti 1Своето интервју за британското издание на Вог, италијанскиот креатор Роберто Кавали го искористи непосредно да и’ предложи на Кејт Мидлтон нешто да искреира за неа.

„Кејт Мидлтон би требала да биде посекси. Млада е и убава, би сакал да искреирам нешто специјално за неа, нешто уникатно…, младешко, сексапилно и софистицирано. Тоа што е кралица или принцеза не значи дека не смее да бидеш секси“, изјави Кавали.

Колку ли би станал здодевен модниот свет да не се ваквите чести изјави и критики на Кавали упатени до различни светски личности.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...