Ќе ви го разубават денот: Фото-приказна за момченцето Бади и кучето Реган

3-годишното момченце толку се „врзал“ со неговото кученце што нивната приказна за пријателството ја дозна светот, а на Инстаграм имаат над 300.000 следбеници.

Момченцето Бади толку се спријателило со кучето Реган, домашното милениче на семејството во кое момченцето е сместено, што тие двајцата сите работи ги прават заедно. Момчето и кучето од Портланд не само што заедно си играат, туку заедно одат и на излети, заедно спијат, јадат, се капат, лулаат, гледаат телевизија…

Семејството со коешто живее Бади толку се воодушевило од оваа врска на детето и кучето што почнале да ги фотографираат во различни ситуации кои ги делат.

Фотографиите постирани на Интернет за многу брзо време добиле голем број на следбеници, а никогаш видените (односно непостираните на Интернет) фотографиите неодамна се објавени во книга од чија продажба парите одат во хуманитарни цели за помош на деца без родителска грижа.

 

x

Check Also

„Со точак во Пастел“: Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена ...