Кејт Хадсон ја откри тајната за рамен стомак

Американската актерка, 34-годишната Кејт Хадсон, која е мајка на две деца откри дека својот неверојатен изглед го должи на строгиот пилатес- режим кој го практикува веќе 15 години.

 kejt 1

Хадсон практикува пилатес уште од својата 19 година, односно далеку пред да стане славна. Овие вежби ги обожава зашто ги спојуваат двете работи кои ги сака – вежбањето и танцот.

Глумицата моментално снима два филма, а учествува и во американската емисија Танц со ѕвездите.

„Каде и да одам носам јаже за скокање. Кога и да имам пауза малку вежбам. Можам да седам и да гледам во својот мобилен телефон, но наместо тоа јас скокам“, рече глумицата.

И како што има режим во вежбањето, така има и режим во исхраната. Вели дека откако ги испробала сите диети, одлучила да се држи само до броењето на внесените калории.

„Во нормални денови внесувам 1.800 калории, но кога сакам да загубам на тежина се држам до максималниот внес од 1.500 калории дневно. Тоа е единствениот начин.“, вели Кејт и додава дека е подготвена за уште едно дете.

x

Check Also

Адел премногу слаба, но во топ форма (ФОТО)

Пејачката беше забележана на забавата после Оскарите, која беше организирана од нејзината ...