Кејт Мидлтон е „најпатриотска“ членка на кралско семејство според модните брендови што ги носи

Истражувањето на „Дејли меил“ потврди дека војвотката од Кембриџ избира англиски брендови за 8 од 10 јавни прилики. Максима од Холандија, од друга страна, никогаш не се одлучила за дизајнер од Холандија.

38-годишната војвотка од Кембриџ изминатите неколку недели носи облека од Сузана, Стела Мекартни и Емилија Викстед. Мидлтон стана амбасадор на британската мода дури и за време на коронакризта: на секое јавно појавување на Зум избра „национална“ облека за поддршка на модниот систем во овој болен момент.

На второто место на оваа листа се најде Летиција од Шпанија. Кралицата избира „национални“ фустани 7 пати од 10 јавни појавувања, особено од марките Масимо Дути и Зара. Позната е и фалена по тоа што честопати ги „рециклирал“ своите алишта, поточно носи облека и фустани што веќе ги носела во претходните години. Главен моден детал се еспадрилите, кои се типично шпански производ.

За разлика од Кејт и Летиција, Матилде од Белгија и Максима од Холандија, се на дното на листата. За волја на вистината, белгиската кралица честопати избираше облека од „национални“ марки, но им подлегна на шпанската Зара, британскиот Ердем и италијанската марка Џамбатиста Вали.

Максима од Холандија пак, носеше само странски брендови како Масимо Дути, Зара и белгискиот бренд Мејсон Натан.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...