Кејт Мидлтон – еден фустан за два настана (и две различни модни изгледи)

Минатата недела војвотката од Кембриџ имала бројни обврски, па во еден ден морала да се појави на два настана – заедно со кралицата Елизабета Втора да присуствуваат на отворањето на Буш Хаус ет Кингс Колеџ во Лондон и да присуствува во музејот Фаундлинг каде е прогласена за штитеник на овој културен објект.

За двете прилики поради тесниот распоред Мидлтон носеше сив фустан со нагласен струк, со црни крагњички, во комбинација со црни салонки од „превртена“ кожа. Сепак, за да постигне ефект на поинаков стајлинг, за вториот настан Мидлтон ја збогати модната комбинација со еден важен детаљ – црна беретка која додава потполно нов шарм.

Ова е симпатична модна лекција од Кејт Мидлтон како може да изгледаме различно и кога носиме едно исто модно парче.

 

x

Check Also

Оваа неделеа во Битола гостува легендарната Неда Арнериќ со претставата “Се извинуваме, многу се извинуваме“

Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ...