Кејт Мидлтон ги доби најлошите последици од Мегзит

Вилијам и Кејт Мидлтон секогаш јавно ја поддржуваа одлуката на Хари и Меган за преселба во Канада, но реалноста е многу различна.

Заминувањето на Хари и Меган Маркл од кралското семејство можеби е најдоброто нешто за парот, но според пишувањата на британските таблоиди, ова разделување ги повредува чувствата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон а и создаде многу практични проблеми за војвотката, која сега мора да ги „покрива“ сите обврски што ги оставила зад себе војвотката од Сасекс.

„Кога Хари се чувствуваше слаб или во неволја, Вилијам секогаш беше таму за него, како и Кејт. И сега и двајцата се неверојатно повредени. Кејт беше речиси менторка на Хари, пред Меган да се придружи на кралското семејство, а сега мрази да го види сопругот толку лут “, пишува „Јуес Викли“.

Уште од преселбата на Хари и Меган во Канада, Кејт морала да преземе нови одговорности, а секако и самата била многу зафатена – со официјални посети на болници и настани за добротворни цели.

И, иако војводите од Кембриџ изразија солидарност со Меган и Хари кога тие објавија дека ќе се одвојат од семејството, некои извори откриле дека стресот ѝ тежи многу на Кејт, дури и велејќи дека „Кејт паничи и има анксиозни напади “

И покрај ова, Кејт сепак многу го сака својот зет: „Таа би сакал да може да разговара со Хари. Тој ја избегнува и се плаши дека никогаш веќе нема да бидат блиски “.

– Вилијам направи се што може за да му помогне на својот брат во текот на годините, и сега е разочаран од неговите невнимателни и себични постапки “, рече изворот.

 

 

 

x

Check Also

Шерон Стоун ги советува фановите како да останат безбедни во своите домови (ВИДЕО)

Од актерка до советник за лична безбедност – Шерон Стоун (62) на ...