Кејт Мидлтон ги сака „made in Italy“ креациите

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, за гала приликата по повод 100 Women in Finance во Кембриџ носеше макси фустан од италијанската модна марка Гучи.

Плисираниот фустан во две нежни нијанси го надополни со мала чантичка од новата колекција на италијанската модна марка „Прада“. Чевлите пак, се од Оскар дела Рента.

Ова не е првпат Кејт Мидлтон да ја покаже својата страст кон италијанската мода. Неодамна, при посетата на Фондацијата за Ментално здравје во образованието, носеше костум со потпис од италијанската модна двојка Долче и Габана, која всушност е и една од нејзините омилени италијански брендови.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...