Кејт Мидлтон го носеше накитот на принцезата Дајана на BAFTA

Стилот на принцезата Дајана е безвремен, а тоа често знае да го потврди војвотката од Кембриџ, Кајт Мидлтон. Мидлтон носеше накит од принцезата Дајана на настанот BAFTA, кој се одржа во Лондон.

Бисерните обетки украсени со дијамнати кои ги носеше Мидлтон, биле омилени обетки на принцезата Дајана, која често ги носела во текот на 90-те години. Овие обетки лејди Ди ги носела и на нејзиното патување во Њујорк во 1995 година, како и на патувањето во Сиднеј во 1996, потоа и на патувањето во Јапонија и Пакистан. Последен пат бисерните обетки ги носела на „Лебедово езеро“, претстава изведена во Ројал Алберт Хол, во 1997 година.

Сега пак, Мидлтон ги адаптираше обетките со модерна, за современото живеење, модна комбинација. За настанот BAFTA, организиран од Британската Академија за Филм и Телевизиска уметност, во чест на британската кинематографија, Кејт носеше бел фустан, креација од луксузната модна марка Александар Меквин.

x

Check Also

Анџелина Џоли и Бред Пит: Конечен развод на славниот пар

Разводот на славните глумиц Анџелина Џоли и Бред Пит беше долг и ...