Кејт Мидлтон ја „утна“ сезоната со палто-фустанот во топол ден

Елегантната војвотка од Кембриџ речиси никогаш не прави модни грешки, но овојпат ја промаши сезоната.

На концертот на британската армија, Кејт Мидлтон се појави во палто-фустан. Околу елегантниот модел и совршениот крој на оваа креација не треба ни да се зборува, но единствено – војвотката како никој да не ја посоветувал дека е јуни и дека изборот е несоодветен за температурата од 27 степени.

Инаку, кремастиот палто-фустан е од Кетрин Волкер, а Мидлтон го комбинираше со бисерни обетки и чевли на висока потпетица.

Војвотката е љубителка на овој модел на фустани и до сега во слично издание се има појавено на неколку важни настани.

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...