Војвотката од Кембриџ отвори Инстаграм профил и ги објави своите први постови на оваа социјална мрежа. Инаку, Инстаграм профилот се споделува преку профилот Kensington Royal.
Во неделата наутро, на профилот се појавија фотографии од патувањето на Кејт и Вилијам во Пакистан, со емотивен пост од војвотката.
-Заедницата во СОС селото изградена е од страна на семејствата – и тука се најдобрите семејства кои можете да ги замислите – тие се собираат за да ги негуваат, сакаат и штитат децата од својата околина, – пишува Мидлтон. -Овие ранливи деца, многу од нив минале низ травматични околности, се негуваат во ова грижливо опкружување и способни се да формираат квалитетни односи во кои така очајнички треба да напредуваат“.
Вилијам и Кејт во Пакистан пристигнаа минатиот понеделник, а во петок се вратија во Лондон.
Со враќањето во Лондон, Кејт сподели уште фотографии на Инстаграм од животот на нејзиното семејство.