Кејт Мидлтон (повторно) во фустанче од Zara

Во неделата, на поло натпреварот на кој учествуваше и принцот Вилијам, неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, на овој спортски настан се појави во лежерен моден избор од Зара.

фустан со дискретни риги од Зара

За оваа прилика, Кејт Мидлтон облече син фустан со дискретни бели риги и миди должина. Фустанчето од летната колекција на Зара, Мидлтон го комбинираше со трендовски платнени еспадрили на платформа. Лежерниот изглед е заокружен само со дискретен часовник на раката и подеднакво ненаметливи очила за сонце со класична кафена рамка.

Ова е вторпат Мидлтон да облече фустан од Зара. Пред две недели, за уште една неформална прилика, таа се појави во интензивно син фустан од Зара со мини должина кој го комбинираше со тенок црн ремен, кратко црно сако и црни чевли со платформа. Благодарение на овој моден изглед на Мидлтон, продажбата на синиот фустан од Зара се зголемила тројно.

x

Check Also

Топ 10 цветни фустанчиња од популарните модни марки

Ако сте во потрага по лесно, летно фустанче со цветен принт, еве ...