Кејт Мидлтон се „стопи“ пред четвороножниот миленик на претседателот на Ирска

Позната е љубовта на ирскиот претседател Мајкл Хигинс кон неговите кучиња Брод и Сиода.

На приемот одржан по повод одбележувањето на Денот на жената, Брод талкал меѓу гостите во потрага по газдата од кого барал само да го почешка за стомачето. Се ова го снимил новинарот Ибрах Разан и снимката брзо го обиколи светот.

Минатата недела Брод бил главна ѕвезда на настанот кога, заедно со својот газда, срдечно ги дочекал војвотката и војводата од Кембриџ за време на нивната кралска посета на Ирска. Кејт уживала во друштво на Брод, а фотографиите од нивната игра јавноста со воодушевување ги поздрави.

Помирната љубимица Сиода исто така се најде на службените фотографии со Вилијам и Кејт. 

View this post on Instagram

Hello Ireland! 🇮🇪🇬🇧 Dia Daoibh, daoine na hÉireann! Thank you President and Mrs Higgins (and Bród the dog 🐶) for the warm welcome for The Duke and Duchess of Cambridge to the country, which will see them spend time in Dublin, County Meath, County Kildare and Galway – and highlight the many strong links shared between the UK and Ireland. Following tea with President and Mrs Higgins, The Duke and Duchess laid a wreath at the Garden of Remembrance – a place of reflection dedicated to those who gave their lives for Irish independence, before calling on Taoiseach Leo Varadkar. The coming days will see The Duke and Duchess meet a broad range of people, including children and young people, those working in the creative arts, business and charity sectors – and are looking forward to building a lasting friendship with the Irish people. #RoyalVisitIreland

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) on

Инаку, Мајкл Хигинс и неговата сопруга Сабина ретко се појавуваат во јавноста без нивните домашни миленици, без разлика дали е формален или неформален настанот. Ако некаде се појават, сепак, сами, прашањето кое следува е – А, каде се кучињата?

View this post on Instagram

Bród & Síoda, Áras an Uachtaráin.

A post shared by President Michael D. Higgins (@presidentirl) on

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...