Кејт Мидлтон со Aldo чевли од околу 4.000 денари

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, знае одлично да ги комбинира модните парчиња од луксузните модни марки со оние од „хај стрит“ брендовите.

Така, на 14ти јули, на финалето на Вимблдон, Мидлтон се појави во син фустан од 1.500 евра од Емилија Викстид во комбинација со чевли од „хај стрит“ модната марка Алдо, кои се достапни во продажба по цена од околу 4.000 денари. Чевлите со ремче и со блок потпетица кои ги носеше Мидлтон, беа во nude нијанса, всушност и омилената нијанса на чевли кои ги одбира војвотката од Кембриџ. Во продажба пак, во продавниците Алдо, може да се најдат во повеќе различни бои.

Алдо, модел Николес

 

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...