Кејт Мидлтон со розови обетки од Acessorizе

Кога на први јули, на настанот „Назад на природата“, војвотката од Кембриџ се појави со обетки од „хај стрит“ марката Acessorizе, истите обетки молскавично брзо се продадоа во продавниците Acessorizе. Сега пак, обетките се повторно пуштени во продажба, а слични модели може да најдете и во продавниците Acessorizе во Македонија.

Овие обетки Мидлтон не ги носеше само еднаш, туку двапати. Неодамна при приватната посета на градината каде беше во друштво со сопругот и децата, таа повторно ги облече обетките во комбинација со жолто, цветно фустанче од „хај стрит“ модната марка &Other Stories. Тоа дополнително ги израдува нејзините фанови дека по пристапни цени може да се облечат исто или слично како војвотката од Кембриџ.

Розовите обетки од Acessorizе чинат околу 800 денари.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...