Кејт Мидлтон со венче од Zara кое чини помалку од 20 евра

Војвотката од Кембриџ се појави на свечениот концерт во Ројал Алберт Хол во син фустан, салонки од Џими Чу, чанта од марката Мек Квин, а вниманието го привлече со венчето кое го носеше на косата од Зара, поц цена од 1.100 денари.

Венчето е дел од актуелната колекција на шпанската модна марка Зара. Инаку, во колекцијата есен/зима на Зара има повеќе модели на вакви, предимензионирани венчиња.

Предимензионираните венчиња за коса се хит за оваа година. Зимските модели се во потемни нијанси, а дизајнирани се од сатен и плиш. Најчесто се украсени со сјајни детали, бисерчиња и циркони. Овие модели се идеални за претстојната декемвриска сезона на забави и празници.

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...