Кејт Мидлтон во џемпер од J. Crew, достапен во продажба по цена од 68 евра

За љубителите на модата и фановите на стилот на Кејт Мидлтон, еве една добра вест. Војвотката од Кембриџ на своето прво официјално појавување во јавност во 2019 година, носеше црвен џемпер со ролка од зимската колекција на J. Crew.

Вчера, Кејт Мидлтон ја посети градината Кинг Хенри каде им помагаше на децата да направат пици. За оваа прилика таа одбра „кежуал“ модна комбинација – фармерки во маслинеста нијанса, чизми од Chloe, карирана Дабери јакничка во зелена нијанса и темно-црвен дебел џемпер од J. Crew со плетени детали на ракавите.

Добрите вести за овој џемпер е што е достапен во продажба на официјалната шопинг страница на брендот и тоа по цена од 68 евра.

 

x

Check Also

Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во Вог

Интересна вест за фановите на британското кралско семејство и војвотката од Сасекс, ...